ПРИРОДОНАУЧНО ОДДЕЛЕНИЕ
Долги години од неговото основање, во 1928 година, Музејот
имал статус на природонаучна институција, што била и негова основна дејност.Таа
била научни-истражувачка, набљудувачко-собирачка дејност со морфолошко систематска
обработка, препарирање и презентирање на природничкиот материјал. Во првите години од постоењето
на Музејот, односно природонаучниот одел беше воден од ловџија и препаратор за ловење (собирање
) и препарирање на природниот материјал под раководство на д-р Никола Незлобински.
После ослободувањето, односно со неговото повторно отворање за јавноста, во музејот
биле вработени и стручни лица-биолози (зоолог и ботаничар) и двајцата препаратори.
Интензивното колекционирање со целосна научна обработка на материјалот овозможи
брзо збогатување на фондот на музејските експонати. Денес во музејските депоа и
самата изложба се наоѓа богат музејски материјал од непроценливо значење за науката.
Скромната ентомолшка збирка, со неколкуте претставници
на цицачи и грабливи птици во почетокот, денес претставува еден огромен комплекс каде
се презентирани карактеристичните претставници на сите животински групи кои егзистираат
на поднебјето што не опкружува, а во последно време и дел од ботаничкиот материјал
(претежно блатни и водни растенија).
Во изложбата се уредени голем број мали и големи
диорами (витрини) во кои се прикажани повеќе видови животни со нивните карактеристичи
места на живеење. Целокупниот материјал презентиран во изложбата и депониран во депоата
е собран од најблиската околина на градот (крајбрежните и длабинските води на Охридското
Езеро, полето и планинските масиви - Јабланица, Галичица и Карарорман, како и течното
корито на реката Црн Дрим), со што и самиот Музеј добива карактер на локален музеј,
но со огромен број примероци несвојствени за помал регион. Во музејските витрини
денес можат да се сретнат примероци кои веќе одамана се водат како исчезнати како
резултат на промената на еколошките услови од една страна и нови видови регистрирани
примероци, што претставува голем придонес за биолошката наука воопшто, додека пак
застарениот начин на презентирање не ги задоволува стандардите на современата музеологија.
Активноста на стручните лица од ова одделение
е насочена кон реализацијата на биолошката програма, а и активност на полето на
воспитно-образовен план преку обезбедување достапност на Музејот и неговите поставки
за посетителите и дополнети со стручни објаснувања за богатството на регионот со
природниот свeт. Стручната екипа на ова одделение континуирано е во тек со научните
достигнувања од областа на музеологијата преку учество на конгреси, симпозиуми секции
и др. и организирање на тематски изложби. Тематската изложба "Охридското Езеро и
неговиот каратеристичен жив свет" припремена и презентирана од овој оддел во повеќе
градови во Македонија (Охрид, Кичево, Прилеп, Струмица) предизвика голем интерес
кај посетителите, со карактеристичен приод - извонредната изработка на препаратите
со нивно презентирање, преку уметничко ангажирање на животните станишта каде индивидуата
егзистира.
Заштитата на биолошките препарати, со оглед
на нивната органска природа, претставува посебен мотив за вработените. Тоа се постигнува
со третирање на експонатите со посебно хемиски средства за заштита од музејска
гризлица, на секои две години, од страна на овластени професионални организации
и континуирано надгледување наистите од стручна екипа при Музејот.
ФОТОГРАФИИ ОД ПРИРОДОНАУЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА
|
|
PELECANUS CPISPUS Пеликан
 |
SALMO LTNICA, L. Охридска пастрмка
|
|
|
CYGNUS OLOR Лебед
 |
ANAS CLYPEATA, L Патка лопатарка
|
|
|
PLATALEA LEUCORODIA Чапја лопатарка
 |
NETTA RUFINA Превез
|
|
|
TETRAX TETRAX, L Мала дропка
 |
ALETORIS GRACEA Камењарка
|
|
|
AQUILA CHRYSEAETOS, L Сур(и) орел
 |
GYPS FUVUS Белоглав мешојад
|
|
|
LUTRA LUTRA Видра
 |
MARTES FOINA Куна белка
|
|
|
Теле со две глави
 |
CAPREOULUS CAPREOULUS Срна
|
|
|
LYNX LYNX Рис
 |
URSUS ARCTOS, I. Кафеава мечка
|
|
|
Пеперутки од фамилијата SATURNIDAE
 |
Пеперутки од фамилијата PAPILIO
|
|
|
Инекти од фамилија CERAMBICIDAE
 |
Инекти од фамилија LUCANIDAE
|
|
|
Инекти од фамилија LIBEL(U)LIDAE
 |
Работа во одделот за препарирање.
|
|
|
Змии од фамилиите: VIPERA (поскок, шарка) и COLUBER (смок)
 |
SPONGIA - Сунџер од Охридското Езеро
|
|
|
|
|