ИСТОРИСКО ОДДЕЛЕНИЕ
Дејноста на историското одделение е насочена кон собирање сведоштва
за историското минато на овој крај, нивна обработка и презентирање. Тие сведоштва
se во форма на документи и оригинални фотогрфии на личности, настани и места
од нашата историја, мемоарска граѓа на живи учесници за нашето историско минато,
предмети од историско значење, старо оружје, фотографии на Струга и струшкиот крај,
лична заоставштина на д-р Никола Незлобински.
Од почетокот на 80-тите години до 1993 година, во рамките ма ова одделение
на Музејот, работеше и Спомен домот на браќата Миладиновци. Во овој простор беше
изложена најбогатата збирка оригинални документи, факсимили и фотографии на браќата
Димитар, Константин и Наум Миладинови. Во него беше сместен и фондот на Меѓународната
поетска библиотека.
Одруга страна пак поради годишнини и
јубилеи на историските настани, стручните лица на ова одделение подготвуваа и презентираа
тематски изложби соодветно на настаните. Во оваа прилика само ќе ги наведме нивниот
број според тематска содржина: за илинденкиот период две изложби, за браќата Миладиновци
три изложби, за НОАВМ четири изложби, за места две изложби и една изложба со наслов
"Борбениот пат на 1 македонска пролетерска бригада" како постојана поставка во
Спомен домот на бригадата во Локов. Некои од овие изложби беа поставувани и во други
места во Македонија, други се преизлагаат по поводи.
Лични предмети на Никола и Софија Незлобински
|

|
|