СТРУГА-МАКЕДОНИЈА
Струга, град во Македонија, распослан е на брегот на Охридското Езеро, а реката Црн Дрим го дели градот на два дела. Познат е уште од времето на Илирите и многу од старите патеписци во своите писанија забележале дека Струга е многу жив град со развиена трговија, убави дуќани и прекрасни куќи на богатите жители. Оттогаш веројатно изреката "Како Струга нема друга".
STRUGA
Во туристичката понуда на
Струга се многу хотели, мотели,
апартмани, ресторани, пицерии, кафулиња, легла во приватно сместување, како и култтурно-историски споменици. Во текот на годината Струга ја посетуваат околу 60.000 туристи кои остваруваат околу 300.000 ноќевања.
STRUGA
Од 1961 год. Струга е домаќин на светски познатиот фестивал на поезијата “Струшки вечери на поезијата”. Фестивалот се одржува кон крајот на месец Август во Струга, а дел од содржината и во Охрид и други делови на Македонија,
традиционално секоја година. Струшките вечери на поезијата и патувањето на јагулите се двете најпознати нешта кои ја карактеризраат Струга во светот.
STRUGA
Како најважни културно-историски споменици во Струга се: Црквата Свети Ѓорѓија чии фрески потекнуваат од 13 до 19 век. Во друга црква со исто име, изградена во 1267 год. беше откриен мозаик од 5 век. Во рибарското село Калишта се наоѓаат црквата Света Богородица и пештерската црква Свети Атанасиј
.Од исламските споменици би ги издвоиле Хелвети теќето и Амамот. како еден од најинтересните
културно-историски споменици би го издвоиле секако и природонаучниот музеј
д-р Никола Незлобински со сите негови содржини.