Вие сте овде:

Skip Navigation LinksStruga Museum :: Музеј Струга>Музеј
English Macedonian Albanian

Struga Струга


Др Никола Незлобински

 Почетоците на музејската дејност во Струга, Македонија нераздено се поврзани со личноста и името на д-р Никола Незлобински и Музејот во Струга.  Пред 80 години, во далечната 1928 година, овој одважен Рус, емиграт, кого судбината и животот го носат далеку од родната земја, во Македнија и Струга, во една од бараките на својот маларичен диспанзер, ги отвора вратите на првата музејска збирка со што ги поставува основите на идниот Природнонаучен музеј во Струга и воопшто на музеологијата во Македонија.Во 1938 гогина оваа збирка прераснува во постојана музејска поставка изложена и презентирана во нова зграда во која и денеска се наоѓа. Беспрекорната по својата концепција и изложените екпонати, во најголем дел собрани, препарирани и изложени од самиот Незлобински, збирката со годините не изгубила од својата автентичност и ооригиналноста, напротив, збирката се повеќе добива превез на историска и документарна вредност за едно време, една поинаква Струга и еден сосема друг еко систем кој засекогаш исчезнал. Денес, 80 години подоцна, Музејот во Струга претставува современа институција во чии рамки, освен биолошкиот оддел кој се грижи за природонаучната збирка, делува и археолошкото, етнолошкото, историкото и ликовното одделение со Галеријата на Вангел Коџоман.

Д-р Никола Незлобински

- хуманист, визионер -

 Николај Антонович Незлобински е роден на 12 Мај 1885 година во Градот Пјатогорск, јужна Русија. Единствени сознанија кои ги имаме за неговото семејство се однесуваат на неговиот татко, Антон, којшто бил шумарски  инжинер и кој, по сеќавањата на Незлобински, кај него ја развил љубовта кон природата и животните која подоцна ќе прерасне во една пасионираност која несомнено, ќе биде пресудна при оформувањето на Музејот во Струга. Во 1907 година, како воен стипендист, станал студент на Военомедицинската академија во руската престолнина Санкт Петербург. Бил вреден и трудољубив студент, за што  сведочи  и добиеното признание "Златен медал" за истражувања и семенарска работа "Значењето на плочестите глисти". Исражувачката работа ја продолжува и подоцна, во текот на професиналната работа во Струга и на тоа поле остварува забележителни резултати. На Академијата дипломира во 1912 година и, бидејќи бил воен стипендист, останува во служба како воен лекар. Првата светска војна младиот Незлобински го затекнува како лекар на руската Црноморска флота. Во Ноември 1917 година запчнува руската Октомвриска револуција во којашто Никола Незлобински останува на страната  на приврзаниците на царот во редовите на белогардејската војска.

 Завршувањето на првата светска војна не донесува мир во Русија, борбите меѓу советите и белогардејците продолжуваат се до 1921 година кога тие се пораени и принудени да ја напуштат Русија. Во групата емигранти белогардејци, која во 1921 година пристигнува во Кралството Југославија, се наоѓа и докторот Никола Незлобински со неговата сопруга Софија. Уважувајќи го образованието и стручноста на д-р Никола Незлобински, Министерсрвото за народно здравје го распоредува на служба во Македонија, најпвин во Крива Паланка, а подоцна во Струга. На 28 Август 1924 година Никола Незлобински, заедно со својата сопруга и сорабтниците, пристигнал во Струга. Тоа биле, исто така, руските емигранти Георги Рудњев, Андреј Лукин и неговата сопруга, Михаил Макаров и Борис за чие презиме немаме податоци, но во Струга бил познат како "баронот Борис" .

 Д-р Никола Незлобински, во Струга бил испратен со задача да работи на сузбивање на маларијата, ендемска болест која подолг период претствувала сериозен проблем во овој крај. За постојано настанување д-р Незлобински го избрал едниот од трите острови меѓу ракавите на реката Црн Дрим, при нејзиниот излез од градот Струга.  Набргу потоа на островот биле поставени четири дрвени бараки, добиени како воена отштета од претходната војна. Но во едната живеел докторот со неговата сопруга, а во во втората биле сместени неговите соработници. Другите две бараки биле наменети за амбуланта, болнички простории и за придружнит здравствени служби. Со текот на времето ракавецот што го издвојувал островот од западниот брег на реката бил насипан и на тој начин станал составен дел на левиот брег на реката Црн Дрим.
 Никола Незлобински  започнал со следење, систематско запознавање и проучување на здравствените и хигиенско-санитарните прилики во струшко и, врз основа на добиените сознанија, се покажало дека дури 50%  од населението во Струга и околните полски села што се наоѓале во непосредна близина на Струшкото Блато, боледувало од маларија. Малријата била причина изаголемата смрност кај децата, а особено кај доенчињата. Болеста предизвикувала истоштеност на организмот кај возрасните, при што се губел имунитеот и многу често го напаѓале други болести, а најмногу туберкулозата.

Михаил МакаровМихаил Макаров

Заради тоа д-р Никола Незлобински презел конкретни мерки, подготвил и формирал Антималаричен диспанзер, односно Маларична станица, како што ја нарекувале луѓето од овој крај. Потоа во рамките на Диспанзерот, формирал и отворил стационар, односно болница, со што станал основоположник на првата здравствена институција во Струга и Струшко.

За работа во болницата докторот Незлобински ги ангажирал неговите соработници. Георги Рудњев бил задолжен да ја води лабораторијата и да работи како лаборанрт, додека Михаил Макаров добил ангажман како болничар, ракувач и одржувач на опремата со која набргу доктторот започнал да ја опремува болницата. Со текот на времето, д-р Никола Незлобински, во медицинскиот персонал на антималаричната станица и болницата, вклучува и кадри од месното население.

За постигнатите резултати во сузбивањето на маларијата д-р Никола Незлобински во1929 година бил одликуван со орденот  "Свети Сава" од четврти ред и истата година е прогласен за почесен граѓанин на Струга.

Медицинскиот персонал од диспанзерот на д-р Никола Незлобински
Медицински персонал
Бараките од маларичниот диспанзер и стационар на д-р Никола Незлобински
Бараката од диспанзерот







Основање на Музејот во Струга

Роден и израснт во крај со големи природни убавини, д-р Никола Незлобиски бил воодушевен од просторите оклу Струга, околните планини, сливовите на реките Црн Дрим и Радика со живописните клисури и планинските масиви кои го фасцинирале овој голем љубител на прородата, Охридското Езеро кое му станало секојдневие и со својата флора и фауна  му давало вдахновеност и импресија.
Иако приоритет на неговата работа во Струга било сузбивање на маларијата, нејзините причинители и пренесувачи, за чија посветеност и студиозност говори и значајната студија за лентоидните паразоти која по препораките и позитивните рецензии била објавена во угледниот годишник Глас српске краљевске академије. Своите истражувања ги спроведувал околу градот инеговата поблиска околина, тогаш мочуриште познато и како Струшко Блато, каде што имал можност да го согледа богатството и разновидноста на живиот свет настанат во него. Тоа ја разбудила неговата страст и пасионираност од младоста кон природата и животните и за кусо време создал мошне убава сопствена збирка од препарирани животни.
Бараката од диспанзерот каде била поставена првата поставка во 1928 год
Бараката од диспанзерот
Уште во 1926 година, во една од бараките во која живеел,  д-р Никола Незлобински приредил изложба каде ги презентирал препарираните експонати. После тој настан збирката на д-р Никола Незлобински многу бргу се збогатувала со нови примероци.Така во краток времески период, бројно се зголемила и во 1928 година д-р Никола Незлобински, во една од бараките на болницата, збирката ја поставил како постојана музејска поставка и со тоа го втемелил Природонаучниот Музеј во Струга и музејската дејност во Македонија.
Изглед на поставката на експонати од природонаучната изложба, снимено 1928 год.
Музеј_1928
Изглед на поставката на експонати од природонаучната изложба, снимено 1930 год.
Музеј_1930
Во во 1938 година д-р Никола Незлобински покренал иницијатива за изградба на нова, посебна музејска зграда, за која самиот ги подготвил плановите, а објектот, со помош на граѓаните, наредната година бил изграден. Веднаш потоа д-р Никола Незлобински го изготвил ентериерното решение за експозицијата на музејската поставка. Така, во 1938 година постсвката била готова, а со тоа и Музејот бил отворен за прием на посетители. 
д-р Никола Незлобински со соработниците на терен Елмаз Амза, Геки Дудуш, Суљо Таксим и Миле Шуле
д-р Никола Незлобински со соработниците
д-р Никола Незлобински со соработниците препаратори Елмаз Амза и Миле Шуле(стои)
д-р Никола Незлобински со соработниците
Уште во 1937 година, со уверение на кралските власти на Тогашна Југославија, на Музејот во Струга му се признал статусот на научна институција, односно тој станал Природонаучен Музеј. За време на војната окупаторот целосно ја презел, ја адаптирал ија користел за свои потреби. Д-р Никола Незлобински заедно со Стружаните не дозволиле да пропаднат музејските експонати кои веќе претходно биле спакувани во сандаци и сокриени во околните куќи.
Во воената 1942 година, на 17 мај, д-р Никола Антонович Незлобински ненадејно починал, најверојатно како последица на срцев удар. Граѓаните на Струга, со длабока тага, му организирале достоен погреб и се простиле од него. Неговата сопруга, Софија, го надживеала мажа си цели 15 години и по војната работела како наставник по руски и француски јазик и музика. Гробот на почесниот граѓанин на Струга, д-р Никола Антонович  Незлобински и денес се наоѓа во алејата на заслужните граѓани на градските гробишта во Струга.
Во знак на благодарност кон човекот што го создал, организирал и промовирал, Музејот во Струга, Музејот во Струга го добива неговото име и се нарекува Народен музеј "д-р Никола Незлобински". Со текот на времето Музејот се развива и денес располага со три објекти во кои се сместени и работат следните одделенија: природонаучно (зоолошко и ботаничко), историско, археолошко, етнолошко и одделение за ликовна уметност со галеријата на Вангел Коџоман.
Факсимил од корицата на "Глас Српске краљевске академије", 1939 год. 
Музеј_1930
Факсимил од текстот над-р Никола Незлобински објавен во "Глас Српске краљевске академије" 
Музеј_1930